Бугарското Народно собрание со 135 гласа „против“ го отфрли барањето на претседателот Румен Радев за одржување референдум за усвојување на еврото во 2026 година.
Иницијативата беше разгледана по одлуката на Уставниот суд, а дебатата ја отвори партијата Преродба. Седницата неколку пати беше прекината бидејќи кабинетот на претседателот не испрати претставник. Опозицијата го поддржа референдумот, тврдејќи дека граѓаните треба да решаваат за иднината на националната валута, додека мнозинството оцени дека процесот за приклучување кон еврозоната веќе е во завршна фаза.


