Иако буџетот е повлечен, протестите продолжуваат.
За денес е најавен нов протест пред Министерството за внатрешни работи. Причината е сомневањето во оправданоста на полициските интервенции за време на претходните демонстрации, кога имаше употреба на солзавец, приведувања и насилни тактики што демонстрантите ги сметаат за неоправдани.
Организаторите бараат објаснување за прекумерната сила, целосна транспарентност за приведувањата и информации за вмешаноста на маскирани групи кои, според очевидци, провоцирале судири. Прашањето за одговорност на институциите стана централна тема во кризата.
Овој протестен бран го носат младите. Gen Z се појавува како најсилен граѓански субјект, неподготвен да прифати дека корупцијата е „нормална“.


