Драматична семејна расправија во штипската населба Баби ќе завршеше трагично откако 45 годишниот С.К со секира ги нападнал родителите и братот на сопругата. Најлошото е избегнато по чиста случајност поради што С.К. е обвинет за тешко кривично дело обид за убиство. Обвинителството од своја страна како и одбраната имаат свои верзии за настанот, а утре тие ќе бидат презентирани пред судијата на овој предмет Сашко Ѓоргиев.
Ден потоа пред судот ќе се појави и С.З. на 54 години од Штип кој со нож смртоносно ја прободе својата 84 годишна мајка . Во овој предмет судија исто така е Сашко Ѓоргиев.
Станува збор за случај кој ја потресе штипскаат и пошироката јавност по бруталноста на С.З., но и на неговото минато кое во секој момент индицираше ваков епилог . С.З некогаш познат угостител во Штип се претвори во трагична фигура бидејќи континуирано спроведувал физичко насилство врз родителите, а неговбата сопруга трагично го заврши животот исто така поради психофизичко насилство од него


