Земјоделците од северниот дел на Грција денеска повторно го блокираа граничниот премин Евзони, оставајќи ги патниците и товарните возила во комлетен сообраќаен застој Во целосен хаос е влезот и излезот кон Македонија.
До сега нема информација до кога ќе трае блокадата.Блокадите повторно се случуваат без најава.Тракторите и земјоделските возила се веќе паркирани точно на граничниот премин, а земјоделските комисии одлучуваат кога и колку долго ќе ги затвораат патните правци.
Грчките земјоделци со денови протестираат против зголемените трошоци, ниските откупни цени и недоволната помош од државата, а блокадите се очекува да продолжат и во наредните денови.


