Бугарската влада денеска му предложи на собранието да донесе одлука за повлекување на предлог-законот за државниот буџет за 2026 година. Ова следи по вчерашните масовни демонстрации низ целата земја. Протести се одржаа во сите поголеми градови, а во Софија имаше 80.000 луѓе.Демонстрантите побараа оставка на владата на Росен Жељасков.
Одлуката на Советот на министри е испратена до собранието. По одлуката на парламентот, кабинетот ќе започне нова буџетска постапка.
Тензиите околу Буџетот 2026 ескалираа во последната недела. Два големи протести беа одржани против неговото усвојување.
Работодавците се едногласни дека ова е најлошиот буџет во модерната историја на Бугарија од времето на Жан Виденов. Некои го нарекуваат „сински“, додека други „мајмунски“.


