Црна Гора – Идните членки на ЕУ без право на вето при прием на нови земји

0
62

Идните членки на Европската Унија нема да имаат право на вето само за едно прашање што го имаат старите – можноста да го блокираат процесот на преговори на другите земји-кандидатки за членство во ЕУ, објавува црногорскиот медиум „Вијести“, повикувајќи се на извори добро запознаени со преговорите на Подгорица со Брисел Ограничувањето ќе важи за сите кандидати од Западен Балкан, како и за Украина и Молдавија.
Ова е стар германски предлог, кој веќе е усвоен од голем број земји-членки и практично постои консензус во Унијата дека оваа мерка треба да биде вклучена во Договорот за пристапување на Црна Гора.