Италијанската полиција ја истражува мистериозната смрт на познатиот трговец со антиквитети Франко Ѓорџи (74) и неговата сопруга Џана ди Нардо (68), кои беа пронајдени мртви во нивниот дом во Фиренца. Нивните тела, со видливи убодни рани, ги открил нивниот син, што ја покренало истрагата во повеќе насоки, јавува италијанскиот РАИ.
Телата ги открил синот, кој во неделата околу 14:30 часот дошол да провери зошто родителите не одговараат на телефон. Според италијанските медиуми, станот бил облеан со крв, а траги од инцидентот имало во повеќе простории, што укажува дека можела да траела борба. Телата биле пронајдени помеѓу влезот и дневната соба.
Околностите на смртта сè уште не се јасни. Истражителите, предводени од обвинителката Роса Волпе и заменик-обвинителот Алесандро Пишителли, ги разгледуваат сите опции — од можност за убиство и самоубиство до двојно убиство извршено од трето лице. Се сомнева дека убодите биле нанесени со нож или друг остар предмет.
Превземено: ТВ21


