Пијан 42-годишен од Кочани предизвикал сообраќајка па избегал дома да се крие. Полицијата го пронашла и уапсила откако му измериле 1.90 промили алкохол во крвта

0
68

– На 30.11.2025 во 18:23 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.С.(42) од Оризари, кочанско. Претходно, околу 17:15 часот на магистралниот пат А3, во близина на крстосница „База Гранит“, тој со возило „фиат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „сузуки“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(56) од Кочани, по што го напуштил местото, информираа од полицијата.

По преземени мерки, тој е пронајден во неговиот дом и по извршено алкотестирање констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,90 промили алкохол во крвта.

Превземено: Скопјеинфо