Пазарен инспекторат со засилени контроли пред празниците. Најавена „офанзива“ во кафеани, ресторани и дискотеки за поголема безбедност со фокус на пушење, работно време и број на гости Државниот пазарен инспекторат најави „офанзива“ пред празниците: Засилени контроли во кафеаните, рестораните и ноќните клубови

0
88

Во пресрет на декемвриските прослави, предновогодишните забави и претстојните празници, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најави дека драстично ќе го зголеми присуството на терен преку засилени инспекциски надзори.

Целта на оваа акција е да се спречат масовните нерегуларности кои вообичаено се случуваат во овој фреквентен период од годината, како и да се обезбеди поголема сигурност и заштита на гостите во угостителските објекти.

Под лупа: Цигари, работно време и број на гости

Инспекторите упатија јасен апел и строго предупредување до угостителите совесно да ги почитуваат законските обврски, бидејќи толеранција нема да има. Фокусот на контролите ќе биде ставен на неколку клучни точки:
почитување на дозволениот капацитет на гости (за да се избегне пренатрупаност), строго придржување до пропишаното работно време, како и доследна примена на Законот за заштита од пушење во затворени простории. ДПИ најавува санкции за прекршителите, а граѓаните се повикуваат да бидат „очите на инспекторите“ и да ги пријавуваат сите неправилности на телефонскиот број 191 или преку нивната веб-страница.

Превземено: Навалица