Штипјанецот Игор Илиевски со MkMage.com добитник на престижниот „Оскар на бизнисот“ за доживотно достигнување во технологија

0
163

Штипјанецот Игор Илиевски, основач и извршен директор на MkMage.com, беше награден со престижната Lifetime Achievement Award – Доживотно достигнување во технологијата на 8. издание на Burj CEO Awards во Дубаи, светски познати како „Оскари на бизнисот“. Настанот ги слави глобалните лидери, иноватори и претприемачи кои го обликуваат деловниот пејзаж.

„Пред дваесет години почнав од влажен подрум со стар Pentium III и 56k модем. Без гаранции, само со визија. Денес ја примам оваа награда и моите мисли се кај мојот тим и моето семејство. Никогаш не се откажувај од визијата што ја носиш“, изјави Илиевски.

MkMage.com, основана во 2004 година во Штип, Северна Македонија, нуди услуги за развој на е-комерц платформи, дигитален маркетинг, интеграција на AI и мобилни апликации, помагајќи им на бизнисите да растат и да се адаптираат во дигиталниот свет.