Од 1 јануари 2026 година, условите за остварување на правото на старосна пензија во Србија ќе се променат, па жените ќе можат да се пензионираат на 64 години, со најмалку 15 години стаж на осигурување.Тоа е два месеци повеќе од оваа година, кога на жените им се потребни 63 години и 10 месеци живот за да се пензионираат, со ист стаж на осигурување, беше објавено во најновото издание на „Гласот на осигурениците“, билтенот на Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Србија (ПИО).
Во согласност со одредбите од Законот за ПИО, условите за остварување на правото на старосна пензија за жените ќе се поместат за два месеци годишно до 2032 година, кога ќе бидат изедначени со условите што важат за мажите, односно 65 години возраст и 15 години стаж на осигурување.


