Градинка на истокот од Хрватска е во целосен шок поради однесувањето на млада воспитувачка која, според истрагата, е уапсена под сомнение дека дистрибуирала детска порнографија
Осомничената воспитувачка е во притвор од 4 ноември и се соочува со обвинение за кривично дело поврзано со воведување деца во порнографија, за што е предвидена затворска казна од една до осум години. Неофицијални извори наведуваат дека при претресот кај неа биле пронајдени фотографии на деца на возраст од 12 до 14 години во несоодветни пози, а дел од материјалот наводно бил испраќан до други лица или објавуван на педофилски веб-страници.


