Колку долго алкохолот останува во организмот зависи од повеќе фактори – најмногу од работата на црниот дроб, но и од ензимите во желудникот, телесната тежина, полот и здравствената состојба.
Алкохолот може да се задржи и до 90 дена во телото
– Во урината може да се открие од 12 до 130 часа.
– Биомаркерот фосфатидилетанол (ПЕТ) останува до 14 дена.
– Во здивот и плунката се открива 12–24 часа.
– Во коренот на влакното – и до 90 дена по последното пиење.
Хепатологот д-р Џамил Ваким-Флеминг од Клиниката Кливленд објаснува дека некои луѓе имаат стомачни ензими (АДХ и АЛДХ) кои почнуваат да го разградуваат алкохолот уште во желудникот – но не ги има секој, а жените по правило имаат пониски нивоа од мажите. Исто така, луѓето кои редовно пијат имаат значително пониски нивоа на АДХ, па телото побавно го обработува алкохолот.
Колку време е потребно за да се разгради алкохолот?
Кога ензимите недостигаат, алкохолот директно оди во тенкото црево, а потоа многу брзо влегува во крвотокот и мозокот. Црниот дроб ја презема главната работа и елиминира околу 90% од внесениот алкохол. Остатокот се исфрла преку бубрезите, белите дробови и кожата.
– На алкохолот му требаат 60–90 минути за да го достигне максимумот во крвта.
– Полуживотот му е 4–5 часа.
– За целосно исфрлање на алкохолот од телото се потребни околу 25 часа.
Процесот е побавен кај жени, постари лица, луѓе со помала телесна тежина и кај оние што земаат одредени лекови.
По колку време тестовите го откриваат алкохолот?
– Крв: до 12 часа
– Дишење: до 24 часа
– Плунка: до 48 часа
– Урина: до 5 дена (зависно од чувствителноста на тестот)
– Коса: до 90 дена
Алкотестот нема сигурна „формула“ – чувствителните тестови откриваат и минимални траги, а секој човек го разградува алкохолот со различна брзина.


