Утре се одржува Меѓународниот турнир во борење – „Трофеј Штипски Боречки асови“. Турнирот започнува во 11:00 часот во салата ДЕМУ – „Коле Нехтенин“ – Штип
Во организација на БК „Балканец“ – Штип, утре ќе се одржи Меѓународниот турнир во борење слободен стил „Трофеј штипски боречки асови“.
Се очекуваат настапи на натпреварувачи од повеќе држави меѓу кои и Србија, Бугарија, Грција, Косово, Романија, Турција и други.
Борбите започнуваат во 11:00 часот, свеченото отварање е закажано во 14:00 часот и ќе се одржи во спортската сала ДЕМУ – „Коле Нехтенин“ – Штип.


