Романија – Министерот за одбрана Јонуц Моштеану си поднесе оставка -лажел во биографијата за факултетска диплома

0
59

Романскиот министер за одбрана Јонуц Моштеану денеска си поднесе оставка по избивањето на скандал поврзан со несовпаѓања во неговата биографија, кои беа откриени преку новинарско истражување.
Контроверзиите започнаа откако медиумот „Либертатеа“ објави дека Моштеану во својата прва официјална биографија (ЦВ) лажно навел оти дипломирал на Универзитетот „Атенеум“ – институција која негираше дека тој некогаш бил нејзин студент. Соочен со обвинувањата, тој призна дека станува збор за „грешка“ и презентираше друга диплома стекната во 2015 година.
Премиерот Илие Болојан потврди дека ја прифатил оставката на Моштеану и најави дека ќе му предложи на претседателот испразнетото место привремено да го пополни министерот за економија, Раду Мируца.