БиХ – Јавниот сервис БХРТ пред колапс: без пари, струја и политичка поддршка

0
65

Јавниот сервис на Босна и Херцеговина БХРТ е на работ на гасење поради огромни долгови, нефункционален систем на финансирање и политичка блокада. Вработените вчера емитуваа програма од шатор пред државниот парламент, во знак на протест и последно предупредување до институциите БХРТ има околу 700 вработени и треба да се финансира преку РТВ таксата, но системот со години не функционира. РТРС од 2017 година не го уплатува својот дел, акумулирајќи долг од 102 милиони КМ, а дел од хрватското население во Федерацијата исто така одбива да плаќа.
Поради долгови кон Европската радиодифузна унија, на сервисот му се закануваат исклучување на струјата и гасот и можна заплена на имот. Политичките несогласувања го стопираат секое решение, а државниот буџет за 2025 година целосно го укинува финансирањето на БХРТ