24-годишна платила 165.000 денари за работа во Швајцарија. Останала и без парите и без ветената работа

0
51

Дваесет и четиригодишна жителка на Липково пријавила во полицијата дека била измамена за 165.000 денари од лице од истата општина.

Жената му ги предала парите со надеж за вработување во Швајцарија, но откако извршила уплата, повеќе не можела да стапи во контакт со осомничениот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и идентификација на сторителот.

Превземено: Булевар.мк