Од крајот на октомври, кога црногорската Влада привремено воведе визи за државјаните на Турција, скоро 9.000 турски државјани ја напуштиле Црна Гора, додека во истиот период биле одобрени само 194 барања за издавање визи.
Од Министерството за надворешни работи наведоа дека од 30 октомври, кога стапи во сила одлуката за привремено воведување визи, биле процесирани 320 барања. Од нив, 194 барања биле одобрени, 29 одбиени, а 97 се во процедура.
Ова предизвика загриженост и на економски план, со оглед на тоа што Турците се најголеми инвеститори во Црна Гора, учествуваат со пет отсто во туризмот и се сопственици на 20 отсто од фирмите во земјата.


