Утре Рудник “Саса” во Македонска Каменица ќе врши тест на тревожниот систем

0
59

Утре, петок, Рудник Саса во Македонска Каменица ќе врши тест на тревожниот систем поради што Општината излезе со соопштение.

“Ве информираме дека на ден 28 ноември 2025 (петок) во перидот од 12 до 12.30 часот “Рудник САСА” ќе спроведе редовно тестирање на системот за тревожење, кој служи за навремено предупредување и заштита на населението во случај на природни или други непогоди. Напоменуваме дека ова е исклучиво тест на функционалноста на системот коj се спроведува согласно законската регулатива. Целта на тестирањето е да се провери исправноста на системот и да се обезбеди негова целосна функционалност во случај на реална потреба”, стои во соопштението до јавноста.