Сноуз копчето го загрозува срцето: Научниците предупредуваат на скриен ризик од одложувањето на алармот

0
81

Звукот на алармот го прекинува сонот за само секунда, но истовремено го забрзува чукањето на срцето и го покачува крвниот притисок – нешто што научниците го утврдија уште пред повеќе од една деценија.

Новите истражувања, сепак, предупредуваат на уште поголем ризик: опцијата snooze.

Со секое одложување на алармот, телото повторно го доживува истиот „шок“ од наглото будење. Ако го правите тоа по неколку пати секое утро, ефектот се собира и може сериозно да влијае врз работата на срцето и нервниот систем за краток период.

Иако алармот е неизбежен за повеќето луѓе, можно е да се намали штетата. Научниците препорачуваат воспоставување здрави навики: доволно ноќен сон, легнување на време и будење во ист период секој ден – со што телото со тек на време ќе почне само да се буди.

Најважно: избегнувајте го snooze копчето или сведете го неговото користење на минимум. Тоа е едноставен чекор што може значително да го заштити вашето срце.