Кочани го менува сообраќајниот режим на двете клучни улици

0
58

За првата половина на декември се најавува измена на режимот на сообраќај на двете главни улици во централното градско подрачје во Кочани.
Согласно изработена сообраќајна документација, сообраќајот на потегот од кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, со дел од ул. „Тодосија Паунов“ и ул. „Кеј на Револуцијата“ ќе се одвива еднонасочно, во правец југ-север до мостот кај Градскиот плоштад.
Еднонасочна ќе биде ул. „Маршал Тито“, на потегот од мостот кај Градскиот плоштад кон кружниот тек кај Двојниот мост на ул. „Никола Карев“.
Избран економски оператор изготви и достави основен сообраќаен проект и стручна ревизија, по што СВР – Штип даде согласност, а Општина Кочани издаде решение за утврдување на режим на сообраќај за динамичен и стационарен сообраќај во централно градско подрачје во Кочани.