Бугарија – Жестока политичка криза.Борисов, му нареди на Жељасков да го повлече буџетот

0
65

Бугарија се соочува со жестока политичка криза откако десетици илјади граѓани синоќа излегоа на улиците во Софија да го изразат незадоволството од Предлог-буџетот за 2026 година.

Протестите, кои траеја до доцна по полноќ, доведоа до еден од најдраматичните пресврти во бугарската политика во последните години: лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, му нареди на премиерот Росен Жељасков да го повлече буџетот. Лидерот на ГЕРБ додаде дека дел од барањата на демонстрантите се „логични“, и дека дури и протест на едно лице треба да биде слушнат.

Соочена со притисок и од улицата и од страна на сопствената партија, бугарската влада влегува во најтурбулентниот момент од почетокот на мандатот – со отворено прашање дали ќе успее да најде компромис што ќе ги смири и граѓаните и политичките актери.