Турција – Приведени над 400 осомничени во серија големи операции против кибер криминал

0
65

Турските власти приведоа вкупно 429 осомничени во серија големи операции за кибер криминал спроведени во текот на изминатите 10 дена, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на својот профил на Икс.
Во објавата на Јерликаја се вели дека 354 осомничени се приведени во рации спроведени во 35 од провинциите во земјата во текот на изминатите 10 дена, додека уште 75 лица се уапсени вчера наутро во специјализирана операција спроведена во Истанбул и 14 други провинции во земјата.

Јерликаја, исто така, нагласи дека операциите спречиле „материјална и емоционална штета“ врз граѓаните предизвикана од кибер криминал, како што се дистрибуција на детска порнографија, онлајн измами и промоција на нелегално коцкање.