„На 26.11.2025 во 00:47 часот на ул. „Карпошева“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Р.Ј.(28) од Пробиштип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,73 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик.“, соопштија од СВР Штип.
Home МАКЕДОНИЈА Пробиштипјанец приведен откако полицијата го сопрела со 1.73 промили алкохол во крвта


