Во Прилеп синоќа повторно се случи инцидент со дрвокрадци, кои намерно се судриле со службено возило на шумската полиција. Две лица се приведени на лице место, а за уште две, познати лица, се трага. Одземени се двете возила и огревното дрво, кои се предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп.
Увидна екипа од МВР извршила увид и фотографирање. Станува збор за познати дрвокрадци за кои претходно биле поднесувани пријави. Полицијата порача дека нема да отстапи од борбата против дрвокрадството.


