Ужасна сцена во Дубровник – силното јужно време донесе големи количества ѓубре и пластика во старото градско пристаниште. Водата е преполнета со отпад, а според етикетите на шишињата и другите пластични материјали, најголемиот дел потекнува од Албанија.
Историското пристаниште, кое е едно од најпрепознатливите места во градот, моментално е претворен во пловечка депонија, што предизвикува шок и револт кај локалните жители и туристите, пренесува порталот Гласот на народот.


