Утрово измерени -2 степени во Берово, најтопло во Виница каде беа измерени 7 степени целзиусови

0
70

Најстудено утрово е во Берово, – 2 степени Целзиусови, а максимални 7 степени се измерени во Виница.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во 8:30 часот 1 степен е измерен во Струмица и Крива Паланка, 2 во Скопје-Петровец, Велес, Тетово и Битола, 3 во Скопје–Зајчев Рид, Охрид и Прилеп, 4 во Гевгелија, Штип, Кавадарци и Маврови Анови, како и 5 степени во Демир Капија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Превземено: Независен.мк