Нафтената рафинерија во Панчево, единствената во Србија, денеска запре со производството, а нејзините погони влегоа во процес на топла циркулација за да остане системот функционален. Ова го потврди српскиот претседател Александар Вучиќ во вонредното обраќање до јавноста, велејќи дека земјата се соочува со големи проблеми
„Имаме уште четири дена до целосниот прекин на работата на рафинеријата, ако не успееме да добиеме лиценца од американската влада. Се надевавме и очекувавме уште вчера да ја добиеме, но има уште работи што тие сакаат да ги слушнат и видат пред да донесат позитивна одлука“, кажа Вучиќ.
Тој претходно предупреди дека Србија има рок од една недела да одлучи како ќе го заштити снабдувањето со нафта од НИС без национализација, додека САД кажаа дека компанијата мора за три месеци да најде нов купувач.
Home МАКЕДОНИЈА Србија – Единствената нафтена рафинерија запре со производството поради американските санкции


