Сојузот на Лајонс клубови на Македонија на болницта во Кочани ќе и додели високотехнолошка медицинска опрема, односно најсовремен електрохируршки генератор.
Според доктор Славица Јорданова, кардиолог во КБ Штип и Претседател на Лајонс клубот во Штип овој генератор овозможуива прецизно отстранување на оштетеното ткиво, намалување на крварењето и создавање чиста површина подготвена за кожни трансплантации со пократко време на интервенција и минимална траума на здравото ткиво.
Донацијата ќе се реализира утре во кочанската болница.
Штипскиот Лајонс клуб е еден од најактивните во државата и е дел од Сојузот на Лајконс клубови на Макеоднија кои пак е дел од најголемата сервисна волонтерска организација во светот Lions Clubs International е со над 1.4 милиони членови.


