Со политички монтирани случаи власта дефокусира откако беша фатена во корупција со ИПАРД, се огласија од СДСМ откако полицијата утринава уапси пет лица, меѓу кои и некогашниот заменик министер за земјоделие, Трајан Димковски. Тие се сомничат дека влегле во криминал со 1 500 тони жито од државните резерви и државата ја оштетиле за 780.000 евра.


