Јулијан Ќумраку и Арбен Ука се предадоа на албанските специјални сили откако беа опколени од вчераутро. Албанската полиција наиде на отпор од двете лица осомничени за извршување терористички акти, а утрово ги уапси.
Во објектот каде се криеле открила и оружје, муниција и знамиња на терористичката организација ИСИС, објави Топ чанел, повикувајќи се на полициско соопштение. Во акцијата „Орош“ биле вклучени и припадници на специјалната единица „Ренеа.
Албанскиот Топ Ченел објави дека откако браќата и сестрите на двајцата осомничени интервенирале и ги повикале да се предадат, тие конечно решиле да го положат оружјето и да ја напуштат куќата.


