Волци ловат ракови користејќи човечки стапици

0
108

Истражувачи снимија уникатни снимки од див лов на волци во Британска Колумбија, кои користат стапици поставени од луѓето. Тие сакале да ја откријат причината за оштетувањето на стапиците, кои се користат за контрола на популацијата на европскиот зелен рак. Некои од стапиците биле длабоко под вода, поради што истражувачите претпоставиле дека штетата ја предизвикуваат само морски цицачи. Веќе по едно деноноќие од поставувањето на камерите, истражувачите добиле изненадувачки снимки: волк излегува од водата со пловка во устата, ја спушта на брегот, а потоа го зема јажето со забите и го влече сè додека стапицата за ракови не се појави над површината. Потоа животното ја пренесува стапицата поблиску до брегот и ја испразнува мамката.