Во Албанија поплавени околу 1.000 домови, евакуирани стотици семејства

0
55

По обилните врнежи што ја погодија Албанија, поплавени се околу 1.000 домови и повеќе од 1.500 хектари земјоделско земјиште, а стотици семејства се евакуирани. Најтешко погодени се регионите Лежа, Пешкопје, Фиер, Берат, Корча, Ѓирокастра и Влора,
каде надојдените реки и силните дождови предизвикаа големи проблеми на терен. Регистрирана е и една жртва во село близу Девол. Оштетени се околу 20 мостови, од кои дел ќе треба да бидат целосно реконструирани.
Албанската армија е на терен и учествува во операции за спасување, евакуација, дистрибуција на храна и зајакнување на насипите и браните.