Три браќа од Калифорнија станаа милионери преку ноќ откако на таванот на својата почината мајка пронајдоа прашлива кутија која криела вистинско богатство.
Додека ги расчистувале работите по смртта на мајка им, знаејќи дека семејството поседува некаква колекција, тие пронашле оригинално издание на стрипот „Супермен“ од јуни 1939 година (Superman #1). Она што го шокирало светот на колекционерите е состојбата на стрипот – тој бил зачуван речиси совршено, добивајќи висока оцена 9.0 од експертите, што е исклучителна реткост за хартија стара скоро еден век.
На аукцијата во „Heritage Auctions“, овој примерок бил продаден за неверојатни 9,12 милиони долари (околу 7,9 милиони евра). Со оваа сума, тој стана официјално највредниот стрип во историјата, соборувајќи го претходниот рекорд кој изнесуваше 5,3 милиони долари.
Превземено: Навалица


