Штип: Света архиерејска литургија во чест на Свети Нектариј Егински во храмот „Свети Иларион и Свети Нектариј“

0
43

Во храмот „Свети Иларион и Свети Нектариј“ во населбата Железничка во Штип денеска се одржа света архиерејска литургија во чест на Свети Нектариј Егински, чудотворец на која чиночалствуваше неговото правосвештенство митрополитот брегалнички, г. Иларион, во присуство на голем број верници.

За време на литургијата беа изнесени свети мошти на Свети Нектариј, како и чудотворната икона која се наоѓа во храмот.

Присутните имаа можност да се помолат и да се поклонуваат пред моштите, изразувајќи почит и вера во чудотворната сила на Свети Нектариј.