
Словенија утре излегува на референдум за да реши дали ќе го задржи или поништи новиот Закон за помош при доброволно завршување на животот, усвоен во јули 2025 година.
За законот да биде отфрлен, потребно е мнозинство „против“ и најмалку 339.205 гласа против (20% од гласачите). Законот дозволува асистирано самоубиство под строги услови, со две изјави на намера, независна лекарска потврда и психијатриска проценка. Не важи за малолетни лица, ниту за случаи поврзани со ментални болести.
Првите резултати се очекуваат утре по 19 часот, а конечната потврда на 4 декември.

