Победничко ѕвонче во Клиниката за детски болести. Јунакот Дамјан храбро ја победи тешката битка со болеста

0
22

Нова радосна вест од Клиника за детски болести! Момент кој носи посебна емоција и голема надеж!

Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот јунак Дамјан храбро ја помина и ја освои тешката битка. На Дамјан му посакуваме многу здравје и среќно и безгрижно детство! – порачаа од Клиниката.

На веста се израдува и градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски кој го сподели видеото од победничкото ѕвонење на малиот Дамјан.

„Дамјан ја победи болеста. Слава на Господ. Бог да ги дарува со здравје и закрепнување сите болни! – порача Стефковски.

Превземено: Скопјеинфо/ФБ