И покрај сите зголемувања, пензионерите сеуште се жалат дека се маргинализирани, а животниот стандард им е недостоинствен. Сметаат дека цените ги прескокнале покачувањата од новата Влада и дека за нив повторно треба нешто да се направи.
Поради ова тие сметаат дека во пресрет на новогодишните празници а по примерот на другите земји, тие треба да добијат 13-та таканаречена бонус пензија за да се справат со зголемените трошоци за престојните празници.
Во оваа состојба прашање е колку пензионерските очекувања ќе бидат исполнети бидејќи министерката за финансии Гордана Кочовска Димитриевска изјави дека новото пензионерско зголемување ќе се случи во март.
„Согласно најновиот финансиски план за Буџетот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Македонија ќе се зголемат средствата кои следната година ќе влезат во буџетот, но воедно ќе се зголемат и трошоците поради пораст на бројот на пензионери, како и поради планираниот раст на пензиите. Согласно проекцијата за буџетот на Фондот за следната година оваа институција ќе потроши 2,4 милијарди евра, со што ќе го зголеми својот трошок од годинешните планирани 2,2 милијарди евра.“, стои во извештајот на Фондот за пензиско осигурување.


