Отворено детско катче во КПД Идризово со поддршка од ЕУ и Советот на Европа

0
19

Во Казнено-поправниот дом Идризово беше отворено новото детско катче, изградено со поддршка на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа – „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“, во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем во Република Македонија“.
На отворањето се обратија:
• Бен Нунтан, вршител на должност шеф на Делегацијата на ЕУ во Македонија
• Донче Бошковски, раководител на одделение II во Одделот за соработка на тема полиција и лишување од слобода при Советот на Европа
• Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкциите
Новото катче претставува значаен чекор кон подобрување на условите за децата кои ги посетуваат своите родители во установата, создавајќи потопла и подостоинствена средина за семејните средби.