Загадувањето во Грција ќе се казнува од 3.000 до 60.000 евра

0
72

Борбата против неконтролираното загадување навлегува во нова фаза во Орестиада, Грција. Според официјално соопштение од Дирекцијата „Животна средина, чистота и зелени површини“, општината ќе биде безкомпромисна кон сите кои оставаат обемни домаќински отпадоци на јавни места. Тие ќе се соочат со кривично гонење – затворска казна од најмалку една година и парична казна од 3000 до 60.000 евра, согласно Законот 5232/2025.

За да им олесни на граѓаните, општината ќе постави специјални контејнери на избрани локации и на одредени датуми, така што нема да има изговор за неконтролирано фрлање на домаќински отпад.