Во чест на празникот на Свети Нектариј Егински, во црквата „Свети Иларион и Свети Нектариј Егински“ во штипската населба Железничка од утре ќе бидат изложени свети мошти од големиот чудотворец.
Верниците ќе имаат можност да се поклонат и пред копијата од чудотворната икона на Свети Нектариј, која се наоѓа во овој храм.


