Просечната нето плата во септември порасна за 9.3 проценти и изнесува 45.466 денари

0
25

Во септември 2025 година просечната месечна бруто-плата изнесува 68.392 денари, а нето-платата 45.466 денари. И двете се повисоки за 9.3% во однос на истиот месец лани.

Зголемувањето најмногу се должи на растот на платите во секторите образование, здравство и социјална заштита, како и транспорт и складирање. Во однос на претходниот месец, раст е забележан и во преработувачката индустрија, јавната управа и рударството.