Судијата Ивица Стефановски ја финализираше пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Речиси шест месеци по изрекувањето на казните, целосниот текст на пресудата е доставен до бранителите на осудените. Одбраната најави дека ќе поднесе жалба до Апелациониот суд и ќе бара одржување јавна седница.
На доживотен затвор за двојното убиство се осудени Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој беше обвинет дека давал информации за движењето на неговата ќерка, беше ослободен од обвинение.


