Во присуство на граѓани, институции и организации, се одржа првата форумска сесија за креирање на Буџетот на Општина Берово за 2026 година.
Граѓаните со идеи и предлози насочени кон подобрување на инфраструктурата, јавните простори, културата, спортот, социјалните услуги и системот за противпожарна заштита. Сите предлози ќе бидат разгледани од работното тело и проекти кои се технички изводливи ќе бидат вклучени во програмите за работа во 2026 година.
Форумската сесија е дел од програмата „Форуми во заедницата“, која обезбедува платформа за активно учество на граѓаните и промовира транспарентност, отчетност и добро владеење на локално ниво.


