Османи го одреди датумот: На 28 декември предвремени избори во Kосово

0
18

Окако владејачката партија Сапоопределување на премиерот Албин Курти не успеа да обезбеди доволно гласови во парламентот за да формира влада, претседателката Вјоса Османи го одреди 28 декември како датум за предвремени парламентарни избори, објави Ројтерс.
Изборите ќе бидат втори за една година откако косовскиот парламент не успеа да формира влада по гласањето во февруари на кое Самоопределување победи, но не успеа да обезбеди доволно места за самостојно да владее.
Потребата од нови избори ќе го одложи многу потребното финансирање за Косово, рече Османи.
Таа рече дека се обидела да ги убеди партиите да се вратат во парламентот за последна седница за гласање за буџетот за следната година, некои договори со Европската унија и заеми од Светската банка и други меѓународни кредитори.
„Зборуваме за повеќе од милијарда евра кои сега ќе останат замрзнати“, им рече таа на новинарите.
Османи го распушти парламентот и ги повика партиите да водат кампања со „највисоки политички стандарди“.