Регионалните лидери денес се собраа во Тирана на самит посветен на Планот за раст „Нашиот пат кон ЕУ“, каде што земјите од Западен Балкан заеднички ја нагласија подготвеноста за забрзување на европските интеграции.
Во своето обраќање, албанскиот премиер Еди Рама истакна дека регионот се наоѓа во период на најдлабоки реформи досега – трансформации што, како што нагласи, не се прават за да се добие милост од Брисел, туку за да се креира европски модел на управување дома. Финансискиот пакет од 490 милиони евра, кој ги опфаќа јавните финансии, енергетскиот сектор и други клучни области, е двигател на оваа промена.
Рама нагласи дека Балканот не треба да биде спореден набљудувач во европските процеси, туку активен елемент во нивната изградба.


