Загребската полиција потврди дека едно лице е уапсено поради пожарот во облакодерот на „Вјесник“.
Како што неофицијално дознава „Јутарњи“, малолетник се јавил во полицијата и рекол дека критичната вечер бил со група помлади луѓе во зградата „Вјесник“. Тој рекол дека сакале да се искачат на врвот од облакодерот, но на горните катови наишле на заклучена врата и не можеле да продолжат понатаму. Во еден момент, еден од младите во групата почнал да пали картони, а пожарот брзо се проширил. Потоа, наводно лицето им кажало на полицајците, дека сите избегале и ја напуштиле зградата „Вјесник“.
Станува збор претежно за малолетници на возраст од околу 16 и 17 години кои наводно живеат во близина на „Вјесник“.
Полицијата, од моментот кога дознале за пожарот во деловната зграда на „Вјесник“, односно од самиот почеток, додека го обезбедувала местото на настанот и преземала мерки за да ја осигури безбедноста на граѓаните, започнала кривична истрага.
„Потврдуваме дека досегашната кривична истрага вклучувала неколку млади лица, од кои едно е уапсено и е под истрага“, соопшти Полициската управа во Загреб.


