УХМР со ново предупредување: Жолт хидроаларм за поголем дел од државата – кои региони се безбедни?

0
72

Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи.
Можни се и краткотрајни поројни врнежи кои може да предизвикаат локални излевања. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде ново предупредување од жолто ниво за можно појавување на поплави во текот на вчерашниот и денешниот ден.
Според хидроалармот, состојбата со водотеците на поголемиот дел од територијата е оценета како потенцијално опасна. Како што покажува картата на УХМР, околу две третини од државата се означени со жолта боја, што укажува на можност од излевање на реките и зголемен водостој.
Источниот и југоисточниот дел на земјата се означени со зелена боја, што значи дека таму во моментов нема опасност од појава на поплави и состојбата е стабилна.