Синдикалната кошница за ноември поевтина за 371 денар, изнесува 65.173 денари

0
25

Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември изнесува 65.173 денари, што е за 371 денар помалку од октомвриската (65.544 денари), соопштија од Сојузот на синдикатите на Македонија.
– Традиционално најмногу пари во кошничката се трошат за храна, за што месецов, според синдикатот се потребни 23.534 денари, по што доаѓаат трошоците за образование,7.159 денари, како и трошоците за сметки за вода и за струја за што се потребни 6.130 денари…стои во соопштението од ССМ
Дополнително, синдикатот пресметал дека,со изнајмен стан од 60 квадрати за месец ноември кошничката изнесува 80.548 денари. Во оваа пресметка ССМ користи кирија и сметки за вода и струја кои овој месец чинеле 21.505 денари.