Перински во Виница: Силна државна поддршка за развојот на општината

0
90

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, ја посети Општина Виница во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“. На средбата со градоначалникот Митко Костадиновски и Советот на општината беа разгледани приоритетите и можностите за поддршка, вклучително Ресурсниот центар за општините и Прирачникот за ефикасно локално управување.
Во рамки на посетата, Перински ја посети и реализацијата на проектот „Да ја поканиме природата во нашите градови“, финансиран преку ИПА III програмата, со вкупна вредност за општината од 300.743 евра, од кои 15% национално кофинансирање обезбедено од Министерството за локална самоуправа.